fbpx

Volkswagen става крај на сите свои мотоспорт активности

Volkswagen Motorsport дивизијата која ни ги донесе Polo GTI R5, па се до електричниот ID.R, стигна до крајот на своето постоење

Германскиот гигант Volkswagen става крај на својата мотоспорт програма, а според нив, причината за таквиот потег е „потребните сили за трансформација во мобилната електрична ера“, со што практично на Volkswagen Motorsport GmbH му е ставен крај.

Ова сигурно е разочарувачка вест за голем број фанови, но компанијата истакна дека 169-те луѓе кои работат во Volkswagen Motorsport ќе бидат интегрирани во групацијата Volkswagen во текот на следните месеци. Франк Велш, членот на бордот на директори, се обиде да стави позитивен „спин“ на целата работа истакнувајќи дека „длабоката техничка експертиза на вработените во мотоспортот и нивното искуство добиено од ID.R проектот ќе останат во компанијата и ќе ни помогнат да создадеме понатамошни ефикасни модели од ID. семејството за патиштата“.

Volkswagen исто така истакнува и дека покрај ставањето крај на мотоспорт програмата, исто така и производството на Polo GTI R5 ќе заврши кон крајот на годината, но ќе постои и „долготрајно снабдување“ на резервни делови за конкретниот модел, како и за Golf GTI TCR, па така сопствениците ќе можат да продолжат да се тркаат со овие модели и во иднина.

Volkswagen мотоспорт

Секако, ова е мала утеха за фановите кои израснаа гледајќи како Volkswagen се натпреварува на патеката, но и надвор од неа. Компанијата зад себе остава силно наследство кое остава три шампионски титули на Dakar со Race Touareg, четири World Rally Championship титули со Polo R WRC, две TCR International титули со Golf GTI, како и три Rallycross World Champioship титули со Polo.

Со елиминацијата на Volkswagen Motorsport, доаѓа и крајот на ID.R програмата. Високо перформансниот електричен автомобил успеа да создаде и сруши неколку рекорди на различни локации, вклучително Pikes Peak и Нирбургринг.

Поврзани вести

Back to top button