fbpx

Шефот на Volkswagen повторно ja критикува Tesla

Сериозните проблеми со кои се соочува во последно време Tesla Motors, не останаа без коментар, а генералниот директор на Volkswagen Group, Матијас Милер, не пропушти прилика повторно да го „зајаде“ нејзиниот шеф, Илон Маск

Запрашан од страна на претставник на изданието Motor1, што мисли за случувањата во Tesla Motors, Милер директно изјави дека американската компанија е шампион по помпезни најави, но на крајот е многу далеку од она што го чинат водечките производители.

Tesla Motors– Тие сакаат да се споредуваат со нас, но произведуваат 80.000 автомобили годишно, а само да напоменам Volkswagen продаде над 11 милиони и заработи над 13 милијарди евра. Маск и неговите луѓе „фрлаат“ милиони долари во ветар со отпуштање на сопствени вработени. Дали е ова општествена одговорност? Ве молам, не треба да се споредува јаболко со портокал, потенцира Милер.

Само пред неколку дена и шефот на одделот за развој на автономните системи на автомобилите во General Motors, Скот Милер, го нападна Илон Маск, односно директно го обвини за лага по повод изјавата дека Tesla многу наскоро ќе биде подготвена со системи од петто ниво на автономно управување.

Илон Маск

Tesla Motors

Поврзани вести

Back to top button