fbpx

Volvo со 25% раст во САД од почетокот на годината

Американската поделба на Volvo најави дека брендот запиша уште еден успешен месец, откако во ноември реализацијата на компанијата достигна ниво од 8181 возило или 4.2% повеќе во споредба со истиот месец 2017 година

Благодарение на силното претставување во земјата на неограничени можности во текот на годината, Volvo бележи раст од 24,5% или 89.437 единици, на крајот на првите 11 месеци.

„Откако во ноември одбележавме раст на годишна основа, веќе ја преминавме продажбата за целата 2017 година со речиси 8.000 единици“, коментира Андерс Густафсон, претседател и извршен директор на Volvo Car USA.

Најдобро продаваниот автомобил на Volvo во ноември бил XC60 со 3226 реализирани единици, а на второ застанува XC90 со 2499.

Поврзани вести

Back to top button