Volvo со plug-in хибрид за XC40

Со објавувањето за новата plug-in верзија на Volvo XC40 T5 Twin Engine, компанијата решава да ја зголеми понудата на електрифицирани модели

Покрај хибридната верзија која ќе го дополни портфолиото на моделот, за 2020 година XC40 е дополнет и со опрема. Системот со хибриден погон со два мотори на Volvo XC40 T5 вклучува 1.5 литарски, трицилиндричен бензински мотор со максимална моќност од 180 коњски сили, електричен мотор од 82 коњски сили, литиум-јонска батерија од 10,7 kWh и нова роботизирана седумстепена менувачка кутија.

Вкупната максимална моќност на системот е 262 коњски сили, што ја става врвната модификација во портфолиото на моделот. Хибридниот Volvo XC40 T5 Twin Engine нуди импресивно ниско ниво на емисии – само 38 грама на километар, додека во исто време просечната потрошувачка на гориво е нешто над 2 литри на 100 километри.

Во чист електричен режим, автомобилот може да помине околу 46 километри, додека нуди одлична динамика на патот со забрзување од 0 до 100 км на час за 7,3 секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close