fbpx

Volvo со подинамично однесување на патот

Volvo Cars најави дека со благодарение на разработениот состав од Polestar- дел од групацијата, новото софтверско подобрување на системот за погон на четири тркала, сопствениците на автомобили опремени со AWD систем, ќе можат да добијат подинамично однесување на патот на своите автомобили.

Новото подобрување, дело на новоформираната марка Polestar, е поврзан со зголемувањето на вртежниот момент на задните тркала. Тоа доведува до подобрена контрола и поголемо задоволство од управувањето на возилото на Volvo во свиоци. Активирањето на новата функционалност е автоматски или кога електронската програма за стабилност на автомобилот е исклучена.

-Ние секогаш се трудиме да го подобриме чувството од управувањето на автомобилите и оваа нова надградба го прави системот за погон на четири тркала уште порамномерен и подинамичен, коментира Хенрик Грин, виш потпретседател за развој на Volvo Cars.

Оптимизираниот AWD систем ќе биде достапен кај бензинските и дизел предлози на семејствата 90 и 60, како и кај XC40.

Volvo

Поврзани вести

Back to top button