fbpx

Volvo XC60 е Автомобил на годината во Јапонија за 2017/2018

Новиот кросовер на Volvo XC60, беше прогласен за Јапонски автомобил на годината, (Japan Car Of The Year, JCOTY)

Моделот собра 294 поени, благодарение на удобноста, функционалноста, дизајнот и модерните безбедносни системи.

Изборот ќе остане впечатлив по фактот што во изборот на десетте најдобри има дури пет модели од Европа. Интересно е тоа што и друг европски модел BMW 5, кој собра 242 поени е на самиот врв во изборот. Германскиот бизнис седан го надмина Toyota Camry.

Резултати:
Volvo XC60 – 294 поени
BMW 5 – 242 поени
Toyota Camry – 232 поени
Suzuki Swift – 210 поени
Honda N-Box/N-Box Custom – 189 поени
Lexus LC – 115 поени
Alfa Romeo Giulia – 89 поени
Mazda CX-5 – 83 поени
Citroen C3 – 35 поени
Volkswagen Tiguan – 11 поени

Автомобил на годината во Јапонија
Во рамките на изборот беа доделени уште три специјални награди. Најиновативниот автомобил на Јапонија за 2017-2018 стана хибридот Toyota Prius PHV. Наградата за дизајн оди кај Lexus LC, а Honda N-Box е прогласен за најдобар компактен модел. На Toyotа и е доделена специјална награда за постигнување на бројката од 10 милиони продадени хибриди.
Автомобил на годината во Јапонија
Победниците беа избрани од страна на специјално жири кое вклучува 60 новинари и експерти од автомобилската индустрија. Изборот се одвива од 1980 година, а моделите кои се вклучени мора да исполнуваат одредени критериуми. Главни се кандидатите да бидат присутни за одреден период на јапонскиот пазар, со продадени најмалку 500 единици. Победникот на сезоната 2016-2017 беше Subaru Impreza.

Поврзани вести

Back to top button