fbpx

Volvo XC60 со највисоката награда на Plastics Recycling Awards Europe

Најпрестижните награди Plastics Recycling Awards Europe беа поделени минатата недела во Амстердам

Volvo се најде меѓу победниците, а ја освои највисоката награда во категоријата на автомобили, електрични или електронски производ на годината, за својот XC60 T8 Twin Engine plug-in hybrid SUV, изграден главно од рециклирани пластични материјали.

Минатата година како израз на својата амбиција во оваа област, компанијата ја претстави специјалната верзија на моделот. Таа изгледа идентично со веќе постоечкиот XC60, но некои од пластичните компоненти се заменат со нивни еквиваленти, однодно содржат рециклирани материјали.

Интересно кај XC60 T8 Twin Engine plug-in hybrid SUV е дека централната конзола, дел од внатрешноста на возилото, е изградена од обновливи влакна и пластика извлечени и  преработени од риболовни мрежи и морски јажиња. Влакната направени од пластични шишиња се користеа за да се направат седиштата.

Plastics Recycling Awards Europe

Истите материјали во прилог со рециклиран памучен микс од отпадни текстилни парчиња се содржат во голем број делови на автомобилот. Старите користени седишта на Volvo се искористени за да се направи материјалот за звучна изолација под хаубата.

Моделот е симбол на стремежот на Volvo кој ветува дека од 2025 година во секој нов автомобил, барем 25% од пластиката, ќе биде од рециклирани материјали. Демо верзијата на XC60 е дел од повикот на Volvo кон автомобилските добавувачи да работат со вакви материјали, за да може следната генерација компоненти во автомобилите да биде уште повеќе одржлив. Во овој поглед, брендот веќе добива позитивни повратни информации од своите добавувачи.

Потсетуваме дека во 2017 година Volvo презеде обврска да го намали влијанието врз животната средина, а првиот чекор во остварувањето беше изјавата дека сите автомобили на брендот, произведени по 2019 година, ќе бидат електрифицирани. Во поддршка на оваа стратегија, од Volvo изјавуваат дека имаат поставено за цел до 2025 година електричните автомобили да сочинуваат 50% од глобалната продажба.

Поврзани вести

Back to top button