ВОЗЕВМЕНАСЛОВНА

Возевме Peugeot Rifter по патиштата низ Македонија

Минатата недела имавме можност да го пробаме новиот Peugeot Rifter сега и по македонските патишта, благодарение на официјалниот импортер на Peugeot во Македонија, Еуроимпекс.

Веќе знаеме дека новиот Peugeot Rifter е одлична комбинација на робустност и елегантност по возењето кое го имавме во Монако, но сега добивме прилика да го искусиме истото и по македонските патишта. На располагање имавме две верзии на Peugeot Rifter, 1.5  литарски Blue HDi Active мануелец со 100 коњски сили и  GT Line ниво на опрема, 130 коњски сили и  8-степен автоматски менувач.

Патот не водеше од Скопје, по македонските автопати, па се до неспоредната близина на Маврово . Искуството по автопат ни покажа за стабилноста, а и елегантноста што ја нуди Rifter, потврдувајќи ја замислата на спојувањето SUV и MPV во едно како успешна.

Комфорот на задните седишта се покажа одлично исто како и удобноста што ја искусивме во кокпитот благодарение на специфичните поставувања на задната  и предната суспензија.

rifter

Изгледот веднаш се индетификува со своите LED светла како Peugeot, како и профилот што го носи истиот стил. Предницата е инспирирана од денешната мода на SUV моделите што ни е добра предница, поголем клиренс и пластичните штитници што додаваат на робустниот изглед на овој модел. Исто така силна страна на Rifter е модуларноста што ни дозволува да добиеме и до 1414 литри капацитет  во багажникот.

Елегантниот стил на моделот можеме да видиме како се отсликува и во ентериот со Peugeot i-Cockpit. Доаѓа со осум инчен екран на допир, 3D навигација со гласовни команди, реално време на сообраќај, временска прогноза. На истиот дисплеј може да се види камерата Visiopark 1 што помага при возење наназад, Park Assist за помош при паркирање и системот за следење на слепите точки што се прикажани на самите ретровизори.

Одличниот компактен управувач, командната табла на ниво со очите на возачот, осум инчниот екран заедно со новата технологија се ова придонесува за модерниот внатрешен простор кој го докажува високиот квалитет на изработка на Peugeot.

 

 

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close