Возевме Renault Captur: Препознатливиот градски SUV во ново руво

По 7 години на пазарот и преку 1.5 милиони продадени примероци на стартот од новата деценија Captur ја започнува својата нова животна фаза

Пионерот во сегментот на градски SUV возила, моделот Renault Captur за прв пат беше преставен во 2013 година. По 7 години на пазарот и преку 1.5 милиони продадени примероци на стартот од новата деценија Captur ја започнува својата нова животна фаза.

Дизајнот се потпира на веќе препознатливиот стил, но со дополнителни промени во изгледот кои му даваат атлетска става и ултра модерен француски призвук. Габаритите на надворешноста се зголемени со цел да се обезбеди поголема удобност и повеќе простор во кабината. Должината е за 11 cm поголема и сега изнесува 4.23 метри, а меѓуоскиното растојание е продолжено на 2.63 метри.

Renault Captur

Со Captur секој има можност да се изрази на свој начин. Во понудата се 11 бои на каросеријата, 4 двобојни комбинации, 3 пакети за персонализација на надворешноста со што вкупно се добиваат 90 различни можности преку кои може да се искаже индивидуалноста.

Во внатрешноста е забележлива вистинска креативна револуција. Кокпитот е насочен кон возачот, а најновата генерација на инфотејмент EASY LINK системот простигнува во верзија од 9.3 инчи. Пред возачот е поставен 10.2 инчен дисплеј со кој се заменети аналогните инстеументи. Покрај основните функции овозможува потполно интуитивно искуство и дополнителна персонализација и приказ на однапред одбрани функции.

Лебдечката конзола е уште еден клучен елемент на паметно уредување во кабината, нејзината положба овозможува полесно ракување соменувачот и создавање дополнителен простор за одлагање на ситници.
Речиси низ целата кабина се употребени материјали кои се меки на допир, а за посебна пофалба сеноворљзвиените седишта кои го подигаат комфорот на повисоко ниво. Со зголемувањето на надворешните габарити во кабината е добиен дополнителен простор на задниот дел,така што, задната клупа нуди далеку повеќе место за патниците а волуменот на багажникот е најголем во класата и изнесува 536 литри.

Ажуриран опсег на сигурни мотори

Моторната понуда на стартот од продажбата е составен а од 2 бензински агрегати и два мотора кои се придвижувани од дизел гориво. Бензинците настапуваат во изведби од 1.0 литри со 100 КС спарен со 5-степен мануелен менувач и 1.3 литри со 130 КС кој доаѓа со 6 степена мануелна трансмисија или во опција со 7-степен автоматски менувач, посилниот агрегат е опремен со филтер за честички.

Дизелските мотори се со зафатнина од 1.5 литри и располагаат со моќ од 95 КС или 115 КС. Менувачите се стандардно со 6 брзини а во понуда е и EDC 7-степена автоматска менувачка кутија.

Освен стандардните агрегати со внатрешно согорување, Captur набрзо по својата премиера ќе започне да се испорачува и во E-TECH Plug-in Hybrid верзија. Ново развиениот 1.6 литарски бензински агрегат потпомогнат од 2 електромотори и секвенционален менувач кој е развиен во соработка со F1 тимот на Renault. Капацитетот на батеријата кај Captur изнесува 9.8 kWh и овозможува возење само на електро погон до 65 километри. Овој модел се очекува да пристигне на пазарите од балканскиот регион до крајот на годината.

Наскоро новиот Renault Captur го очекуваме и во нашата држава. Цените за македонскиот пазар не се познати, но на презентацијата на која присуствуваше и Авто Плус во соседна Србија цената за основниот пакет со бензински мотор изнесува 15.190 евра, додека за опцијата со дизелски мотор почетната цената е 18.740 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close