fbpx

VW го модифицираше ID.4 за Rebelle релито

Volkswagen се приклучува на растечката група на производители кои учествуваат на Rebelle релито, а за таа цел го модифицираше својот ID.4

Првото оф-роуд навигациско рели во САД, Rebelle, добива нов учесник во Volkswagen, а германскиот производител се приклучува со својот целосно електричен ID.4 AWD Pro кој е модифициран од страна на Rhys Millen Racing и Tanner Foust Racing. Millen и Foust веќе имаат искуство со оф-роуд трките со електрични возила, а нивното искуство беше исклучително важно за дизајнирањето на тркачката верзија на ID.4.

VW ID.4 AWD Pro

Зад управувачот на новиот ID.4 AWD Pro во Rebelle релито ќе се најдат Мерцедес Лилентал, а улогата на навигатор ќе ја има Емили Винслоу, а автомобилот добива модифицирани компоненти за системот на потпирање, странични прагови, заштита за батеријата, Thule на покривот во кој се наоѓа резервна гума, како и сето она што е потребно за еден автомобил да има оф-роуд тркачки карактеристики.

Моќноста сепак останува иста, а тоа значи дека овој VW ID.4 AWD Pro доаѓа со два електромотори кои нудат вкупна моќност од 299 КС и 460 Nm вртежен момент. Според EPA, ID.4 AWD Pro нуди 400 километри опсег со полна батерија, иако во тркачки услови ова може да варира.

„Rebelle релито отвора нова патека во мотоспортот и претставува огромна можност за нас да го претставиме нашиот ID.4 и останатите електрични возила на уште поширока и поголема публика. Volkswagen помогна да се направат теренските натпревари попопуларни во 60-тите години, а ние штотуку започнавме да го истражуваме потенцијалот на електрификацијата во теренските мотоспортови“, изјави Кимберли Гардинер, виш потпретседател за маркетинг во Volkswagen of America.

„Униформата“ која го краси екстериерот на овој ID.4 е дизајниран од страна на Лиз Каз која е инспирирана од пустинскиот терен на трката која стартува кај Хувер браната во Невада, минува низ Аризона, пред да заврши 2.500 километри подоцна во Калифорнија.

Поврзани вести

Back to top button