VW Golf 8 откриен со први официјални фотографии

Официјалната премиера на осмата генерација на германскиот бестселер е закажана за 18:30 часот

Обајвените фотографии ни даваат одличен преглед во целост на осмата генерација на ултрапопуларниот германски хечбек пред неговата официјална премира, закажана за денес.

Предниот крај го задржува препознатливиот изглед на Golf, секако со значителни промени. Светлосните уреди се целосно ревидирани и имаат нов облик кој се карактеризира со потенок дизајн и стилски дневни светла. Решетката со која се тие поврзани сега е помала и има главна задача да го истакне новото лого на брендот. Нови е и обликот на хаубата, со поостар и погруб дизајн од претходната.

VW Golf 8

Еволутивниот дизајн продолжува и во задниот крај, каде светлосните уреди добиваат свое модифицирање, а зналителна промена се забележува и во браникот, кој добива нова форма и изглед.

Движејќи се кон внатрешноста, она што веднаш станува јасно е драстичната промена на интериерот во новиот Golf 8. Кабината е дизајнирана во минималистички стил, сепак со главна цел да обезбеди максимална практичност и функционалност. Пред возачот поставен е целосно нов управувач, изменет дигитален инструмент кластер и помодерен инфозабавен систем. Централната табла е исто така нова, со нови вентилациски отвори и метални акценти.

VW Golf 8

Новиот Golf 8 ќе биде достапен со широк асортиман на погонски единици, меѓу кои ќе се вбројуваат бензински и дизел единици, а секако тука ќе биде и plug-in хибридната варијанта. Исто така, би можеле да очекуваме и CNG изведба.

Целосните датали ќе бидат објавени подоцна денес, по официјалната премира, а за сите оние кои сакаат во живо да го следат откривањето на осмата генерација на легендарниот Golf, тоа можат да го направат на следниот линк: https://youtu.be/AhSqYiG05zM

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close