VW Golf останува на врвот на Европа

На крајот на првата половина година од 2018 година најпопуларниот модел на евопскиот автомобилски пазар останува на лидерската позиција

Според JATO Dynamics, Volkswagen Golf за 6 месеци има реализација од 257.550 примероци – 8% повеќе од истиот период лани. Renault Clio е вториот најпопуларен автомобил, со продажба од 185.234 единици, или позитива од 1%, а на третото место во оваа рејтинг листа е VW Polo со вкупно 162.924 (+ 4%). На четвртата позиција се најде Ford Fiesta со показател од 157.286 возила (+ 1%), а Топ 5 ги затвора кросоверот Nissan Qashqai, чија продажба за половина година изнесува 134.547 примероци (-1%).

Покрај тоа, во десетте најпродавани автомобили на модели на европскиот пазар според оствареното се најдоа: Peugeot 208 (132.764 + 1%), Volkswagen Tiguan (129.237 + 1%), Skoda Octavia (123.710 + 3%), Renault Captur (121.235 + 8%) и Opel / Vauxhall Corsa (117.981 -15%).

Golf

Поврзани вести

Back to top button