ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

VW Group ја продолжува еко- програмата за стари дизел автомобили

Крајниот рок на програмата на Volkswagen Group се пролонгира за 31 март следната година, а од гигантот коментираат дека до моментов ја искористиле повеќе од 110.000 луѓе

Volkswagen Group објави дека компанијата ќе го продолжи времетраењето на еко-програма која му овозможува на секој сопственик на стар дизел автомобил во Германија (Euro 4 или постар) да искористи специјални преференци при неговото враќање и подоцнежно купување на претставник од брендовите Audi, SEAT, Škoda, Volkswagen и Volkswagen Commercial vehicles.

Volkswagen Group

Group– Зголемувањето на времетраењето на програмата демонстрира дека брендовите на Volkswagen Group се решени да одиграат важна улога во подобрувањето на квалитетот на воздухот во центрите на градовите. Како производител на автомобили, ние ги исполнуваме ветувањата да понудиме финансиска помош за еколошко компатибилна мобилност, коментираат од VW Group.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close