ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

SEAT ветува најбрзо реализирање на нарачките

Во процес на најголемата пазарна офанзива во својата историја, шпански бренд SEAT, најави нова програма за исполнување на нарачките

Во процес на најголемата пазарна офанзива во својата историја, шпански бренд SEAT, најави нова програма за исполнување на нарачките, која ветува испорака на саканиот од клиентот автомобил за период од само 2 до 3 недели.

SEAT

По тест на програмата во Австрија, за време на која беа реализирани 300 автомобили, новата програма SEAT Fast Lane влегува во дилерските центри на марката во Германија и Шпанија. На тој начин од компанијата ветуваат дека ќе се претворат во компанијата со најбрза испорака на автомобили во целата индустријата.

SEAT

Во програмата SEAT Fast Lane се вклучени хит моделите за брендот, Leon и Ibiza, а благодарение на специјалната организација за време на конфигурирањето, времето за испорака може да биде сведено на период од 14 до 21 ден. Шпанската марка коментираше дека просечната изработка за автомобил кај конкуренцијата е околу 90 дена.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close