НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Луксузен голем хибрид од Wey

Кинеската марка Wey, луксузната поделба на Great Wall Motors, го покажа својот прв хибрид на автосалонот во Гвангжу

Продажбата на P8 crossover започнува на почетокот на следната година.

Погонската група на хибридниот се состои од 2,0-литарски бензински турбодвигател и два електромотори за секоја од оските. Вкупната моќност на системот е 340 КС, а максималниот вртежен момент – 520 Nm. Wey P8 забрзува од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди. Може да помине до 50 километри само на струја, а просечната потрошувачка е 2.3 литри на 100 километри.


Опремата вклучува систем за автоматско запирање во екстремни ситуации, адаптивна контрола на крстарење, асистент-сиостав за одржување на движењето во лента, функција за следење на слепите зони, камери за 360° преглед и дигитален ретровизор.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close