fbpx

Закажана премиерата на новиот Kia Soul

Во пресрет на престојното авто шоу во Лос Анџелес, Kia ја објави првата слика од новата генерација на кросоверот Soul

На оваа слика е прикажан задниот дел од автомобилот кој го има карактеристичниот коцкаст изглед, вертикалните фарови, како и речиси вертикалната задна хауба. Исто така може да се забележи и црниот пластичен трим со натпис „Soul“, кој ја поврзува задната врата со задните фарови.

soul

Корејскиот производител на автомобили вели дека новата генерација на овој кросовер ќе донесе одлична разновидност за сечиј вкус, така што ќе биде проследена со храбар дизајн, голема компактност, но и ќе претставува бескомпромисна алатка за забава и уживање при возењето.

Новиот Soul ќе може да го погледнеме на неговата премиерата на саемот во Лос Анџелес, кој ќе се одржи на крајот на овој месец.

Поврзани вести

Back to top button