fbpx

Започна гласањето за Златно Тркало 2021

Гласањето за најновото, второ издание на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во нашата земја и наградата Златно Тркало почна!

Од денеска, па се до 14-ти март, сите автомобилски вљубеници, ентузијасти и фанови во Македонија ќе можат да го дадат својот глас за Најпосакуваниот автомобил во Македонија за 2021 година. Гласањето за изборот Златно Тркало, кое годинава се одржува по втор пат, е отворено од денес 1 март до 14 март, а Вие можете да го дадете гласот за Вашиот фаворит.

Оваа година во конкуренција се најдоа 12 кандидати, кои се поделени во четири категории и тоа –

Најпосакуван Електрифициран Автомобил,

Најпосакуван Семеен Автомобил,

Најпосакуван Градски Автомобил и секако,

Главната награда за Најпосакуван автомобил

На централниот сајт на Златно Тркало под позицијата за гласање можете да најдете линкови до вестите и тестови за сите 12 кандидати, а на нашиот веб сајт можете да ги прочитате тестовите кои ги направивме во изминатиот период. Се што останува е да ги погледнете текстовите, убаво да разгледате и на крајот да го дадете гласот за Вашиот фаворит на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk.

Не заборавајте, гласањето почнува денес и трае до 14-ти март.

 

Поврзани вести

Back to top button