Женева 2018: Премиера на луксузната Škoda KODIAQ Laurin & Klement

Škoda Auto најави дека за време на меѓународниот салон во Женева на почетокот на март ќе се има светската премиера на новата топ-верзија на моделот KODIAQ, Laurin & Klement

Škoda KODIAQ Laurin & Klement ќе се одликува со хромирана предна маска, нови 19- инчни алуминиумски тркала Sirius, модифициран преден браник, ентериер со кожен тапацир, апликации во пијано лак и други ликсузни елементи. Воведувањето на пазарот на Škoda KODIAQ L & K донесува со себе и нов движечки спектар за големиот SUV модел на брендот.

KODIAQ Laurin & Klement

Во него сега се вклучени 1.5 литарскипт TSI мотор со 150 коњски сили и 2.0 TSI со зголемена од 180 на 190 КС максимална моќност. Деби во моделот, исто така, ќе има најновата генерација на роботизираниот седумстепен DSG менувач и 2.0 TDI мотор со 150 коњски сили.

Од компанијата се предивидува и 2.0-литарска дизел верзија со 190 коњски сили. Двете најмоќни моторни верзии на SUV моделот доаѓаат стандардно со систем за погон на сите четири тркала, кој е достапен како дополнителна опрема кај останатите. Варијантите со пренос на четири тркала на KODIAQ Laurin & Klement исто така ќе се нудат и со Adaptive Chassis Control DCC (Dynamic Chassis Control).

KODIAQ Laurin & Klement

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close