fbpx

Женева 2018: Lamborghini со космичка изведба

Веќе во ноември минатата година, Lamborghini објави дека работи на кооперативен модел наречен Terzo Millennio, но беа објавени само прототипни фотографии

Сега е официјално претставен и посетителите на салонот во Женева можат да го видат во живо.

Најточната дефиниција за овој supercar од Италијанците е „автомобилот на иднината”. Всушност, онака како е креирано возилото се чини дека пристигнува од некој фантастичен филм, а и користи технологии кои барем не можат да се видат на некој сериски модели во оваа фаза. Техничките детали на машината остануваат за друг пат. Познато е само дека Terzo Millennio се напојува со четири електрични мотори чија вкупна моќност сеуште не е објавена.

Millennio

Terzo Millennio

Каросеријата на автомобилот е направена од посебен јаглен, кој „се обновува” во случај на дефект. Во Lamborghini додаваат дека кога се во прашање деформитетите користеле сосема нова технологија, која досега не е позната. Дури и најмалите шуплини на телото се полни со посебна хемикалија. Компанијата потенцира дека Terzo Millennio нема да се појави во сериско производство, барем во блиска иднина. Но, поголемиот дел од неговата технологија ќе се користи во следните модели на брендовите на концернот.

Поврзани вести

Back to top button