fbpx

Женева 2018: Porsche 911 GT3 RS-атмосферските мотори не се мртви!

На интернет просторот се најдоа фотки од најновата генерација Porsche 911 GT3 RS за моделската 2018

Под задниот капак Porsche 911 GT3 RS располага со 4.0-литарски атмосферски мотор, кој веќе генерира моќност од 520 КС, 20 КС повеќе од порано. Како резултат на подобрувањата, ова се претвори во најбрзата атмосферска варијанта на 911, а можеби и во најбрз сериски атмосферски автомобил во светот во моментов.

Porsche 911 GT3 RS

Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 3,2 секунди, а максималната брзина е над 300 km/h. Подобрувања освен кај моторот моторот, исто така се достапни во суспензијата, како и во системот за контрола на задните тркала. Како дополнителна опција, Porsche ќе го опремува возилото со дополнителниот пакет Clubsport, кој добива рамка од цевки за кокпитот и појаси во шест точки на седиштата.

Продажбата на моделот ќе започне за неколку недели по нејзиниот прв јавен настап, планиран за изложбата во Женева, во почетокот на март.

Поврзани вести

Back to top button