Женева 2019: Fiat со нов електричен концепт Centoventi

По повод 120-годишнината, Fiat го прикажа својот нов концепт наречен Centoventi, кој претставуав прв поглед кон возбудливата иднина на Panda градските автомобили

На тековниот саем на автомобили во Женева, италијанскиот производител ја послави својата 120-годишнина претставувајќи го новиот електричен концепт Centoventi, чие има на италијански го претставуава бројот „сто и дваесет“.  Овој концепт претставуа поглед кон идниот електричниот дизајн, кој во голема мера ни ја претставува следната генерација на Panda градските автомобили.

Електричниот концепт има иновативен ентериер, кој лесно може да се конфигурира на многу различни распореди, додека контролната табла има специјални портови кои можат да прифатат голем број на додатоци. Таа е дизајнирана да користи паметен телефон како дигитален екран, со што Fiat исто така ќе понуди и 20-инчен дигитален инструмент и инфозабавен систем.

Centoventi

Електричниот мотор на Centoventi е опремен со батерија која може да се менува и надгради, при што сопствениците можат да додадат до три дополнителни батерии, со цел да го зголемат возниот опсег на возилото. Производителот вели дека новиот електричен градски концепт нуди возен опсег од 100 до 500 километри, во зависност од батериското пакување.

Градскиот концепт ќе им овозможува на сопствениците да ја одберат посакуваната спецификација преку програмата за персонализација наречена „ 4U“. Таа вклучува избор помеѓу 4 покриви, 4 браници, 4 раткапни и 4 надворешни обвивки, што му овозможуваат на Centoventi широк спектар на прилагодување. Тој исто така располага со отстранлив покривен панел кој може да се замени со подвижен мек покрив.

Производната верзија на новиот концепт на Fiat ќе се базира на новата архитектура за мали автомобили, која ќе ги поддржи идните модели, како идниот 500 и Punto. Италијанците исто така потврди дека следната генерација на Fiat 500 ќе ја претстават на наредното издание на саемот во Женева,  кој ќе биде комплетно со електричен погон.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close