fbpx

Зошто Јапонија го чува Карлос Гон во притвор без обвинение

Во Јапонија, Гон ужива во репутација како што Стив Џобс уживаше во Америка. Според тоа, неговото апсење е главна вест речиси две недели. Либанецот со бразилско и француско државјанство беше уапсен под сомневање за затајување на бонуси и за проневера на корпоративни средства за лична корист. Речиси две недели подоцна, тој останува во притвор без формално обвинение. Повеќето независни аналитичари гледаат напад против него со цел Nissan да се ослободи од зависноста од Французите.

Обвиненијата кои го претставија Гон како се повеќе алчен корпоративен шеф, се поддржани од јавноста во Јапонија.

Но не е јасно колку имаат правна основа – и дали воопшто би биле обвиненија во некоја друга држава.

Особеностите на јапонското правосудство доаѓаат од фактот дека тоа е во суштина хибрид од два многу различни системи. При модернизацијата на земјата судскиот систем е основан по моделот на Германија, со многу широки овластувања на судот. По Втората светска војна тој принцип останува, но истрагата е преобразена во американски образец – со водечката улога и поголема слобода на обвинителството. Тоа може да ги приведе осомничените до 23 дена, без да им подигне обвиненија и може да ги сослуша без задолжителното присуство на адвокатот.

Законите во Јапонија, особено финансиските, се доста општи и овозможуваат многу толкувања. Згора на тоа обвинителите, за разлика од Германија на пример, не се должни да покренат обвинение, за да одржат истрагата. Како резултат тие стигнуваат до обвиненија само кога се целосно сигурни во успехот – оттаму и неверојатниот удел од 99.97% во пресудата. Всушност во речиси 60% од случаите, уапсените се пуштаат без обвинување. Впрочем ако 23 дена не се покажат доволни, обвинителите можат повторно да го уапсат осомничениот, веќе по друго обвинение, и да го држат уште 20 дена. Пример во случајот со Гон, кој е под истрага за годините од 2010 до 2014, би можело да дојде до втор притвор за 2015 или некоја од наредните години.

Поврзани вести

Back to top button