Претставени новиот Hyundai Santa Fe и освежениот Tucson
Увозникот за Македонскиот пазар, Кореа Авто Трејд ги претставени новиот Hyundai Santa Fe и освежениот Tucson
На големата презентација во Музејот на Современа Уметност, новиот Hyundai Santa Fe и освежениот Tucson беа претставени пред македонската јавност. Адутот во продажбата, кој како што истакнаа е најпродаваниот СУВ кај нас, сега доаѓа со нови предни и задни светлосни групи, внатрешност и мноштво нови технолошки додатоци.
Со предница на Kona, зголемен и променет, Santa Fe оди чекор понатаму. Пристига во верзии со 5 и 7 седишта, покомфорна внатрешност и багажен простор до 625 литри (во верзијата со 5 седишта). Остануваме во исчекување на цените и изведбите за нашиот пазар, како и можноста да ги пробаме на нашите улици
.