За 10 години 90% од новите автомобили во САД ќе бидат електрични
Заменик претседателот, Мит Ромни, стана првиот висок политичар на Републиканската партија во САД, кој предвиде сериозен развој на американскиот пазар на електромобили
Досега, партијата на претседателот Доналд Трамп не се осврнуваше на оваа тема, пред се што некои од нејзините највлијателни спонзори се од нафтената индустрија. Ромни беше гувернер на Масачусетс од 2003 до 2007 година, а во 2012 година беше номиниран од неговата партија како ривал на Барак Обама на претседателските избори, кои му го донесоа на Обама вториот мандат.
Тој уште тогаш имаше некои свои ставови на ова поле, а вреди да се напомене дека Ромни е на свој начин поврзан со автомобилската индустрија, бидејќи неговиот татко бил главен извршен директор на сега непостоечката AMC (American Motor Company).
-Според мое мислење, во следните десет години, 90% од продажбата на нови автомобили во САД ќе биде на електромобили, изјави Ромни на трговскиот саем во Јута, државата во која живее. -Уверен сум дека Јута може да биде модел за целата земја во врска со наметнувањето и промоцијата на електричните возила.
Сегашниот гувернер на Јута направи сериозни напори за агресивно проширување на мрежата на станици за полнење на електромобилите на територијата на државата, а Ромни, исто така, ја потенцира својата поддршка за оваа иницијатива.
Во своја изјава, Ромни, кој неодамна објави дека ќе се бори за место во Сенатот, објасни дека Јута се разликува од другите држави со ниски јавни долгови, високи стапки на вработеност и минимални федерални трошоци. Покрај тоа, Јута е меѓу државите кои испуштаат најмалку емисиите на јаглерод диоксид.