fbpx

2020 C8 Corvette ќе дебитира под името Stingray

Само неколку дена пред официјалната премиера, Chevrolet потврди дека осмата генерација на Corvette ќе го задржи името Stingray

Големата вест на производителот е дека осмата генерација на Corvette ќе дебитира како Stingray на 18 јули. Благодарение на ексклузивните внатрешни слики како и оние на кои се гледа дел од екстериерот, веќе знаеме што може да не очекува од новиот модел.

„Chevrolet со гордост го објавува името Stingray ќе живее“, изјави производителот, потсетувајќи не дека втората генерација на Corvette дебитираше како Stingray во 1963 година, а името на платформата продолжи до 1967 година, пред да биде оживеана во 2014 година од Corvette C7.

Stingray

Покрај ова, објавен е и изгледот на новиот емблем на Stingray, кој мора да признаеме дека е навистина кул. Се чини дека буквите го користат истиот фонт употребен и за „Corvette“, но во тродимензионален изглед.

Она што се очекува е Stingray да дебитира со природно аспирираниот 6,2 литарски V8 мотор, познат како LT2. Добиен од LT1 во моделот C7 Z51 и Grand Sport, ажурираниот мотор се очекува да испорача помеѓу 480 и 500 коњски сили и максимален вртежен момент од 650 Nm, што е малку повеќе во споредба оние 460 коњски сили и 630 Nm на LT1.

Поврзани вести

Back to top button