fbpx

2020 Mazda 2 освежена со повеќе техника и префинетост

Со наследување на некои од карактеристиките на новата Mazda 3, освежената Mazda 2 комбинира повеќе технологија со благо изменет дизајн

Четвртата генерација на Mazda 2 на пазарот е присутна околу пет години, а сега малиот градски автомобил доби свое редизајнирано издание. Визуелните промени се на суптилно ниво, каде што моделот наследува некои карактеристики на дизајнот од новата Mazda3, кои ги комбинира со рафинирана внатрешна кабина и новиот дизајн на предните седишта кои овозможуваат уште поудобно искуство во возењето.

Новата 2020 Mazda 2 доаѓа со повеќе технологија од кога и да е, со адаптивни LED фарови, систем за следење од 360 степени, препознавање на сообраќајни знаци и систем за помош при одржување во лента. Промените се вклучени и во системот за потпирање, каде производителот со ревидирање на системот овозможува попријатно возење.

Mazda 2

На листата на опционални додатоци, сега присутен и е загреаниот управувач, шест-насочно прилагодливо возачко седиште, радарски темпомат, како и автоматско затемнување на ретровизорот. Промените се и во инфозабавниот систем , кој сега ги подржува Apple CarPlay и Android Auto.

Во поглед на погонот, во Европа освежената Mazda 2 ќе доаѓа со 1,5 литарски бензински мотор со 75 или 90 коњски сили, поврзан со шест-степен рачен или опционален шест-степен автоматски за помоќната единица. Погонот на предните тркала е стандард за двете верзии. На домашниот пазар достапна ќе е и 1,8 литарската дизел варијанта и погон од сите четири тркала.

Во Европа, Mazda 2 ќе биде достапна од 2020 година, додека пак на Јапонскиот пазар ќе се појави во септември.

Поврзани вести

Back to top button