Над 50% од електромобилите до 2020 година ќе бидат во Кина
Според истражувањето на американската консултантска компанија AlixPartners, иднината на електричните возила зависи од Кина
Според истражувањето на американската консултантска компанија AlixPartners, иднината на електричните возила зависи од Кина, а ситуацијата ќе стане јасна веќе на крајот деценијава се очекува до 2020 година половина од електромобили глобално да се движат по патиштата на оваа земја.
Оваа прогноза важи и за еден друг сегмент на возила до 2020 година, речиси половина од plug- in хибридите планирани за производство, ќе бидат составени од кинеските компании.
Тука има некои услови, компаниите кои веќе произведуваат хибриди веќе имаат значаен деловен план, а други пак имаат обезбедено инвестиции, па затоа и овие прогнози. И трето до 2021 година Кина ќе доминира во производството на литиум- јонски батерии, ќе одговара за две третини од ова производство, што пак е исклучително важно за развојот на електричните возила.
Во моментов 96% од plug- in хибридите, кои се продаваат во Кина, се произведуваат таму, што не е изненадување, со оглед дека странските еколошки возила едноставно не добиваат државна субвенција и попусти. Според резултатите од студијата на AlixPartners, може да се очекува дека во 2025 година на светскиот пазар ќе има паритет меѓу електричните автомобили и оние со мотори со внатрешно согорување.
И конечно уште една прогноза, која исто така ветува интересни времиња се очекува сериозна консолидација на кинеските компании кои произведуваат хибриди и електрични возила, бидејќи е тешко да се очекува дека повеќе од 50 такви компании ќе преживеат на еден пазар. И државната власт во Кина веќе почна да сугерира дека токму консолидацијата на пазарот ќе биде следниот чекор, но пред тоа треба да се постигнат одредени квоти на електрични и хибриди кои треба да се најдат на локалниот пазар.