На 9 август премиера на документарниот филм за Paul Walker
Премиерата на документарниот филм посветен на животот и трагичната смрт на ѕвездата од „Fast and Furious“, Paul Walker, ќе биде на 9 август, соопшти CNN. Документарецот го носи името „I Am Paul Walker" и е дело на Network Entertainment и Paramount Network.
Двете компании потврдија уште од поодамна дека работат на овој проект, кој е дел од серијалот „Јас сум …”. Во документарниот филм има интервјуа со неговите пријатели и колеги, кои раскажуваат за Paul Walker. За неговата успешна филмска кариера, љубовта кон морињата и за неговите напори да им помогне во обновата на Хаити.
Walker загина во 2013 година во сообраќајна несреќа со Porsche Carrera GT, управуван од негов пријател, односно автомобилот удри во столб за уличното осветлување во Санта Кларита, во Калифорнија, по што изгоре. Возачот Rodger Rodas, исто така загина.
Најпознатата улога на Walker е онаа на Brian O’Conner во серијата „Fast and Furious”, а учествувал во вкупно 42 филмови.