Њујорк 2018: Nissan најавува премиера на седан со автопилот
Nissan ќе го претстави новиот седан Altima на Салонот за автомобили во Њујорк, кој ќе добие полуавтоматски систем за управување ProPILOT Assist
Технологијата на компанијата во моментов се вградува во кросоверот Nissan Rogue / X-Trail и Nissan Leaf.
Електрониката има способност да го управува автомобилот на самиот пат, да го контролира управувачот и педалите за гас и сопирачки. Освен тоа, возачот секогаш е должен да ги држи рацете на управувачот. Судејки според претходната скица на дизајнот, новиот Nissan Altima седан ќе биде изграден во стилот на прототипот Vmotion 2.0 Concept, презентиран во Детроит, во 2017 година.
Високотехнолошкиот ProPILOT систем се активира со едно копче, по што е во можност да го преземе управувањето, забрзувањето и намалувањето на брзината, што е одлично решение за време на долги патувања или на карактеристични главни европски патишта.
Во следните неколку години технологијата ProPILOT, која е дел од поголемиот комбиниран безбедносен систем на Nissan Intelligent Mobility, постојано ќе се развива и ќе се подобрува, а ќе нуди сè поголемо ниво на автономија. Крајната цел е да се постигне побрз сообраќај во урбаните средини со безбедно поминување низ раскрсниците.