Старите батерии од Nissan LEAF ќе осветлуваат цел еден град

Nissan најавува уникатна иницијатива која заедно со компанијата 4R Energy предвидува изградба на сеопфатна мрежа на улично осветлување на градот Нами во Јапонија, а за таа цел ќе се користат стари батерии од првиот во светот масовен електромобил - LEAF

Проектот на Nissan и 4R Energy, кој се нарекува „обновена светлина“ (The Reborn Light), предвидува употребата на соларни батерии и стари литиум-јонски батериски модули од LEAF, а целиот систем за осветлување ќе биде независен и одвоен од надворешните извори на енергија.

4R Energy

Со цел да се постигне оптимална ефикасност, Nissan и 4R Energy развија специјално осветлување и ќе започнат со тестирање во јапонскиот град. Надградбата на новиот систем за осветлување се очекува да започне оваа година.

Проект на Nissan и 4R Energy

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close