fbpx

Освежениот Nissan Serena станува попаметен и побезбеден за 2020

Минимални стилски освежувања и голем број на нови безбедносни системи за освежената верзија на јапонскиот миниван

Имаше времиња кога Nissan го продаваше овој миниван на многу пазари низ светот, вклучувајќи ја и Европа. Денес, Serena во голема мера е наменет само за јапонскиот пазар, но се продава и на неколку азиски, како Индонезија, Малезија, Сингапур и Хонг Конг, но најголемиот дел од продажбата доаѓа од матичната земја.

Всушност, тековниот Serena беше најпродаваниот миниван во Јапонија за 2018 година, поттикнувајќи ја компанијата да инвестира во него, со цел дополнително да ја зајакне неговата позиција на пазарот. Оттука потекнува и редизајнирањето на автомобилот, кое го воведува како модел за 2020 година.

Освежувањето на Nissan Serena со себе носи суптилни стилски измени како по надворешноста, така и по внатрешноста, а најголем новитет се новите безбедносни технологии кои доаѓаат како стандард. На предната страна, миниванот добива нови адаптивни LED светла, најновата V решетка на брендот со хормирани рабови и поостар браник со интегриран спојлер.

Nissan Serena

Ажурираната постава додава две нови надворешни бои на постојните 12: Sunrise Orange и Dark Metal Grey, кои и двете можат да бидат опремени со Diamond Black покрив за дво-тон ефект. Внатрешните измени се ограничени на променет дизајн на инструмент таблата и нова ткаенина на седиштата, а по избор, клиентите можат да добијат и водоотпорни навлаки на седиштата.

На технолошкиот фронт, Serena добива повеќе безбедносни системи како стандард, вклучувајќи ги интелигентното следење на слепи точки и предупредување за слепи точки, предупредување за сообраќај во задниот дел, интелигентно сопирање во вонредни ситуации, функција за детектирање на сообраќајни знаци на патишта и итен асистент за неправилна употреба на педалите (кога возачот притиска на педалот за гас наместо на сопирачката).

Полуонономниот систем за возење ProPilot исто така е ажуриран за да понуди помазно сопирање во различни услови и оптимизирана контрола на брзината за порелаксирачко искуство при возењето. Nissan кај Serena продолжува да го нуди 2,0 литарскиот бензински мотор со погон на предните тркала и 2,0 литарскиот S-Hybrid модел достапен и со погон на предните или на сите тркала.

Поврзани вести

Back to top button