fbpx

GM донира пет милиони долари во музејот Хенри Форд

Американскиот автомобилски гигант General Motors донира 5 милиони долари во фондацијата основана од Хенри Форд, којa денес управува со музејот pod ova име

Донацијата беше потврдена од Марк Ројс, шефот на GM одговорен за глобалниот развој на нoви производи на компанијата.

Хенри Форд

Ова е дел од новото партнерство помеѓу GM и музејот Хенри Форд, создаден од основачот на Ford Motor Co. во 1929 година, а идејата беше да ги изложи неговите омилени лични колекции и „други иновации“. Со оваа донација GM ќе ја спонзорира следната музејска изложба наречена „Галерија од General Motors на која ќе се промивираат елементи од науката, технологијата, инженерство и математика.

Хенри Форд

Донацијата е круна на четиригодишниата соработка што ја започнаа Ројс и Едсел Форд II, кој е директен потомок на Хенри Форд. Тогаш двајцата почнаа да разговараат за идејата за тоа како GM би можел да му помогне на музејот.

Поврзани вести

Back to top button