fbpx

Tesla доби дозвола за шумска сеча и изградба на фабриката од германскиот суд

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla доби дозвола од Високиот управен суд во Берлин-Бранденбург да продолжи со изградбата на фабриката

Судот даде „зелено светло“ за да се продолжи со шумската сеча во областа Грунехајд на површина од 92 хектари, со цел Tesla да може да ја изгради својата фабрика, Gigafactory 4 во близината на Берлин, пренесоа германските медиуми.

Судот наведува дека оваа одлука е конечна, отфрлувајќи ги барањата на еколошките активисти за дефинитивно и конечно забранување на шумската сеча. Активистите за заштита на околината претходно, на 18 февруари, успеаја да се изборат за судско решение за привремен прекин на работата на градилиштето.

Меѓутоа, судот тогаш предупреди дека еколошките активисти не треба да го сфатат ова решение за привремена забрана за проектот на Tesla за Gigafactory 4 како нивна конечна победа.

Tesla сака да започне со производство во јули 2021 година, но еколошките активисти работеа на пронаоѓање на дупки во регулативата за да ја запрат шумската сеча, додека не се заврши еколошката ревизија, со цел да се утврди дали некој вид животни би можеле да бидат загрозени. Локалниот суд истапи и ги отфрли напорите на активистите да го запрат уништувањето на дрвјата, додавајќи дека не постои право на жалба на таа пресуда. Одлуката на судот на поздрави германската иднустриска асоцијација и министерот за економија на Германија, Петер Алтмајер.

Tesla пред тоа од државната агенција за заштита на околината доби рок од три дена да ја исече шумата со цел да се подготви земјиштето за изградба на фабриката, но работите беа прекинати веќе на вториот ден. Tesla планира да произведува неколку модели во новата фабрика, меѓу кои се Model 3 и Model Y.

Поврзани вести

Back to top button