fbpx

BMW го тестира најмоќниот М3 во својата историја

Компанијата BMW започна патни испитувања на новаta модификација на набилданиот седан M3 која ќе стане најмоќна и најбрза верзија во историјата на моделот

Веќе се објавени шпиунски фотки од тестирањата на Нирбургринг.

Изведбата ќе го носи името BMW M3 CS и ќе ги добие истите модификации како и верзијата со истиот додаток врз моделот М4. Седанот ќе биде опремен со надграден 3.0-литарски би-турбо мотор, кој доаѓа сериски со излезна моќност од 431 КС и 500 Nm вртежен момент, но за оваа цел ќе бидат изменети – 460 КС и 600 Nm. Најмоќниот М3 ќе добие софистициран дизајн и аеродинамика. Ќе го карактеризираат елементи од карбон, преден сплитер, заден дифузер и некои други елементи, кои ќе бидат направени од јаглерод. Значи, моделот ќе биде 40 килограми полесен од стандардниот модел. За оваа верзија, исто така, постојат и јаглеродно-керамички сопирачки, предимензионирана суспензија и подобрени стабилизатори за подобра издржливост.
BMW M3 CS
Премиерата на автомобилот е предвидена за 2018 година, а во BMW се надеваат дека тој ќе го сруши рекордот рекордот за најбрз круг на Северниот лак на Нирбургринг, во категорија на седани. Тој сега е во сопственост на Alfa Romeo Giulia Qudrifoglio Verde, а изнесува 7 минути и 32 секунди.
BMW M3 CS

Поврзани вести

Back to top button