fbpx

Volkswagen се вклучува во производството на респиратори

Volkswagen групацијата се приклучува на останатите автомобилски производители ширум светот, истражувајќи ги можностите за 3D печатење во производството на респиратори

Автомобилските производители како Ford, General Motors, Ferrari, Fiat и Nissan, ги засилија своите напори во производството на респиратори и адекватна опрема, со цел да се надомести дефицитот и да се задоволи потребата за овој уред кој живот значи среде оваа пандемија на новиот коронавирус. Сега, во борбата се вклучува и германскиот гигант Volkswagen.

Во соопштението кое го издадоа, од Volkswagen најавуваат дека формирале оперативна група која има цел да го проучи употребувањето на 3D печатачите во производството на респиратори и другата неопхнода опрема. Германскиот гигант има повеќе од 125 индустриски 3D печатачи, а компанијата во моментов тестира материјали и го проверува ланецот на снабдување.

„Медицинската опрема претставува нова област за нас. Сепак, штом ќе ја разбереме потребата и ќе добиеме нацрт, можеме да почнеме со производство“, соопштија од Volkswagen, додавајќи дека се испечатени компоменти од протитпот, како и дека Škoda е вклучена во целиот проект. Портпаролот на VW групацијата изјави дека компанијата е во близок контакт со владите и другите релевантни органи со цел проценка на потребите.

Bentley, луксузната филијала на групацијата Volkswagen, исто така понуди своја помош. „Она што се мора, се мора, а ние можеме да помогнеме и сигурен сум дека тоа важи и кога станува збор за респираторите… Доколку ни се пружи соодветна информација и шанса“, изјави шефот на Bentley, Едриен Холмарк.

Porsche исто така порача дека сака да помогне во целата ситуација. „Ние собираме идеи во врска со тоа што би можеле да направиме во смисла на хуманитарна помош“, изјави Оливер Блуме.

И останатите производители се подготвуваат за помош

Но, членките на VW групацијата не се единствени кои сакаат да помогнат, бидејќи тука е и уште еден германски гигант, а тоа е BMW, кој порача дека е подготвен да помогне. „Производството на компоненти во рамки на употреба на технологијата на 3D печатењето претставува можност“.

Во Велика Британија, инженерскиот конзорциум кој ги вклучува McLaren и Nissan, разви итен прототип на респиратор, кој би можел да биде одобрен за употреба во болниците до крајот на следната недела.

Претходно Ferrari и FCA открија дека се во разговори со Siare Engineering, најголемиот производител на респиратори во Италија, со цел да помогнат околу производството на неопходна опрема, а ги понудија и своите производствени капацитети. Американските џинови General Motors и Ford веќе соработуваат со производителите во САД, а чекаат дозвола и самите да започнат со производство во своите фабрики.

Поврзани вести

Back to top button