Ново драстично намалување на цената на горивата!
Малопродажните цени на горивата во нашата држава ќе доживеат ново намалување, одлучи Регуларторната комисија за енергетика
По минатонеделните драстични намалувања, со што цените на горивото паднаа на историско ниско ниво, од Регуларторната комисија за Енергетика најавија нови малопродажни цени на горивата во Македонија. РКЕ ги соопшти цените денеска, а истите ќе важат од вечерва по полноќ, односно од 24.03.2020 година.
Според новата пресметка на цените, на која влијае и новиот значителен пад на цената на нафтата на светскиот пазар, Регулаторната комисија одлучи да ги намали цените на горивата во просек за 9,18 проценти. Конкретно, цената на Еуросупер-95 ќе се намали за 5.00 денари, цената на Еуросупер-98 се намалува за 4.50 денари, додека цената на Еуродизел ќе се намали за 3.00 денари.
Според ова, малопродажната цена на Еуросупер-95 ќе изнесува 49.50 денари за литар гориво, за Еуросупер ќе изнесува 52.00 денари, додека цената на Еуродизел горивото според новите промени ќе изнесува 45.50 денари.
Новите цени кои ги одреди РКЕ стапуваат на сила вечерва по полноќ.