fbpx

Mitsubishi би можел да стане косопственик на Renault

Јапонската компанија Mitsubishi Corp наскоро би можела да инвестира во капиталот на Renault

Неколку медиуми, преку свои извори кои се тесно поврзани со двете компании, пренесуваат информации дека Mitsubishi Corporation би можел да вложи во француски Renault што е само едно од смислените сценарија за засилување на алијансата која ги поврзува Nissan, Renault и Mitsubishi.

Францускиот весник Les Echos пренесува информации, повикувајќи се на неименуван раководител и уште еден анонимен извор, дека ентитетот Mitsubishi Corp, кој поседува 20 проценти од капиталот на компанијата Mitsubishi Motors, би можел да откупи 10 проценти од акциите на француската компанија Renault. Покрај оваа опција, останува отворена и можноста да се спроведат плановите за реструктуирање, како и други планови кои предвидуваат мерки на штедење.

Конечната одлука за сето ова би можела да биде донесена во мај, односно во терминот кога е најавено дека алијансата ќе ги претстави своите мерки кои има намера да ги спроведе во цел зајакнување на заедничките активности и редукција на трошоците, откри за новинарите еден извор. Од Renault не сакале да коментираат ништо на оваа тема.

Најголем акционер во Mitsubishi Motors е друг производител од Јапонија, односно Nissan, кој поседува 34 проценти, а од друга страна поседува и 15 проценти од Renault, додека францускиот производител за возврат држи дури 43 проценти во Nissan.

Поврзани вести

Back to top button