Renault, Nissan и Mitsubishi со нов договор за партнерство и соработка

Компаниите Renault, Nissan и Mitsubishi постигнаа нов договор за соработка кој предвидува консолидирање на алијансата и воведување на нови пракси

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi постигна нов договор за соработка кој предвидува воведување на нови технологии, намалување на CO2 емисиите и различни стратегии наменети за различни географски подрачја.

Соработката на трите бренда во последно време беше нарушена, особено по апсењето на главниот човек на оваа алијанса Карлос Гон поради обвинувањата за финансиски малверзации. Гон наводно планирал целосно здружување на Renault и Nissan, но пред тоа беше уапсен во Јапонија и исфрлен од управниот одбор од сите раководни позиции во компанијата.

Претседателот на оваа алијанса на трите бренда Жан-Доминик Сенар изјави дека договорот е различен модел на потесна соработка, без потреба за целосно спојување на фирмите. Според новиот план, договорени се различни иницијативи кои ќе ја зголемат ефикасноста на алијансата, но кои ја утврдуваат неоспорливата независност на Renault, Nissan и Mitsubishi. Главна точка на новата стратегија е распределбата на географските подрачја, според која секоја од трите компании ќе има свое главно поле на делување. Така Renault ќе има најголема застапеност во Европа, Nissan ќе настојува да го прошири работењето на кинескиот пазар, додека Mitsubishi најмногу ќе се фокусира на регионот на Југоисточна Азија.

Алијансата во иднина ќе настојува да развие нови платформи на кои ќе се градат идните модели на возила, потоа нова технологија за мултимедија, како и различни погони. Третата важна точка од стратегијата предвидува редукција на штетните гасови од возилата, според која би се испочитувале новите прописи на ЕУ.

Поврзани вести

Back to top button