fbpx

Land Rover Discovery Sport и Evoque добија plug-in хибридни верзии

Land Rover ги претстави своите модифицирани модели Evoque и Discovery Sport кои сега добија и plug-in хибридни верзии и пристигнуваат со повеќе од 300 КС

Кон трендот на електрификација се повеќе се приклучува и Land Rover. Моделите Evoque и Discovery Sport, покрај конвенционалните бензински и дизел опции, сега се нудат и во комбинација со plug-in хибриден погон. Шпекулациите кои се појавија во изминатиот период се испоставија како точни. Land Rover Range Rover Evoque добива нов трицилиндерски plug-in хибриден погон, но овој кросовер нема да биде единствениот модел на брендот кој ќе добие нов еколошки систем. Discovery Sport исто така ќе го добие P300 хибридниот погон.

Хибридниот систем на Evoque и Discovery Sport се состои од 1,5-литарски, трицилидерски турбобензински мотор со 197 КС, поддржан од електричен мотор поставен на задната осовина со 15 kWh литиум-јонска батерија која испорачува 107 КС. Комбинираниот погон испорачува 304 КС и 540 Nm максимален вртежен момент за двата модели. За преносот на моќта на двете осовини во овој случај е задолжен новоразвиениот осумстепен автоматски менувач.

Кога станува збор за перформансите, помалиот од двата кросовери спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за 6,4 секунди. Од друга страна, на нешто на потешкиот Discovery Sport му требаат 0,2 секунди повеќе за истиот спринт. Двата модели можат да достигнат максимална брзина од 135 километри на час исклучиво на електричен погон. Според WLTP стандардите, Evoque P300 емитира само 32 g/km CO2. Автономијата на движење на чисто електричен погон изнесува 66 километри. P300 кај Discovery Sport овозможува 62 километри автономија исклучиво на струја, додека емисијата на CO2 изнесува 36 g/km.

Land Rover

Хибридниот систем кај двата модели можат да бидат користени во три различни режими на возење – Hybrid, EV и Save. Од Land Rover истекнуваат дека батеријата кај двата автомобили е поставена под задните седишта и е заштитен со 6 милиметри дебел челик без да се компромитира белегот на автомобилот и способноста за возење на сите терени.

Land Rover

За целосно полнење на батеријата се потребни помалку од седум часа на домашен приклучок. Како алтернатива, 7 kW AC домашен приклучок или AC јавен полнач може да наполни 80 проценти од батеријата за само час и половина. Најбрзото време на полнење се достигнува користејќи ја мрежата на DC јавни полначи. Во тој случај, од 0 до 80 проценти полнењето трае само 30 минути.

Поврзани вести

Back to top button