fbpx

Cadillac официјално го претстави Escalade ESV

Cadillac пред неколку месеци ја претстави новата генерација на својот популарен теренец Escalade, a сега својата официјална премиера ја доживеа и продолжената верзија ESV

Исто како и стандардниот модел, така и ESV нуди три реда на седишта, но разликата е очигледна во капацитетот на багажникот. ESV е за 404 милиметри подолг од основниот модел, а со спуштени седишта нуди дури 3.596 литри простор, или околу 496 литри повеќе отколку што е случајот кај стандардниот Cadillac Escalade.

Од компанијата истакнуваат дека со новиот Cadillac Escalade ESV е обезбеден и поголем простор за нозете на патниците во вториот и третиот ред седишта, но освен тој податок, двата модели на Escalade се идентични. Кога станува збор за моторите, тука е проверениот 6,2-литарски V8 мотор со 420 КС, но како опција се нуди и 3,0-литарски дизел мотор со 277 КС. Двата агрегати пристигнуваат со десетстепен автоматски менувач кој ја пренесува моќта на задните или пак на сите четири тркала.

Интересно е да се напомене дека General Motors наплатува 2.500 долари за опцијата со дизел мотор кај другите модели, но во овој случај истата ќе биде бесплатна за секој кој ќе се одлучи за истата наместо за бензинецот.

Кога станува збор за цените, истата стартува од 80.490 долари за основниот Luxury модел и се движи се до 92.890 долари за Sport верзијата со погон на сите четири тркала. Со полна опрема сумата за Escalade со продолжено меѓуосовинско растојание ја надминува и цената која достигнува до шестцифрена вредност, што значи дека моделот за 2021 година ќе биде најскапиот Escalade во историјата. Продажбата ќе стартува до крајот на годината.

Cadillac Escalade ESV

Поврзани вести

Back to top button