fbpx

Новиот Renault Kadjar ќе пристигне и со хибриден погон

Втората генерација на компактниот SUV, покрај свежиот дизајн, ќе донесе и низа нови технологии и ќе мине низ фаза на електрификација

Актуелниот Renault Kadjar е во продажба од 2015 година, а во 2018 мина низ фаза на рестилизација. Наследникот е најавен за 2021 година и ќе има нов, помалку заоблен облик во однос на првата генерација. Дизајнот на екстериерот ќе биде освежен со детали кои ја карактеризираат најновата гама на Renault возилата, како што се специфичните задни светла какви што имаат новите Clio, Captur и Megane.

Значителни промени во дизајнот ќе бидат присутни и во патничката кабина. Наместо екранот од мултимедијалниот систем кој сега е вклопен во централната конзола, новиот Kadjar ќе има нов екран кој ќе наликува на таблет. Освен тоа, купувачите ќе можат да уживаат во новото амбиентално светло во кабината.

Renault Kadjar за 2021 ќе биде потавен на истата модуларна CMF-C механичка платформа која ќе ја користат и следните генерации на моделите Mitsubishi Outlander и Nissan Qashqai. Флексибилноста на оваа платформа овозможува и вградување на хибриден и plug-in хибриден погонски систем, а Renault секако ќе го искористи тоа.

Renault Kadjar

Kadjar ќе го добие plug-in системот од Captur

Овој кросовер од C сегментот во стандардната верзија ќе има погон на предните тркала и 1,3-литарскиот мотор кој алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi го произведува во соработка со Daimler. Секако, овој мотор ќе биде потпомогнат со 48-волтен систем. Планирана е и plug-in хибридна верзија со автономија на струја од 60 километри.

 

Се очекува plug-in хибридната верзија на новиот Kadjar да го искористи погонскиот систем од моделот Renault Captur E-Tech, а тоа значи 1,6-литарски бензински мотор потпомогнат од електромотор. Вкупната моќност на хибридниот систем ќе изнесува 160 КС, а електричната енергија ќе се чува во батерија со капацитет од 9,8 kWh.

Покрај хибридните верзии, купувачите, како и досега, ќе можат да бираат и меѓу бензински и дизел мотори. Според актуелните планови, новата генерација на Kadjar би требало да ја видиме во втората половина од следната година, со тоа што продажбта на овој модел ќе почне пред крајот на 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button