Mercedes тргнува по Фетел, Ferrari ја најде неговата замена
Себастијан Фетел и Ferrari потврдија дека по завршувањето на сезоната ќе се разделат откако не успеаја да се договорат за продолжување на соработката
Ferrari и Себастијан Фетел ќе се разделат по крајот на оваа сезона, објавија и двете страни, а тоа беше повод за веќе веднаш да започнат и шпекулациите за иднината на германскиот возач, но и за тоа кој ќе го замени во болидот на италијанскиот тим.
Според првичните информации, најсериозен кандидат за пополнување на испразнетото место во Ferrari гласеше Шпанецот Карлос Саинц, а сега европските медиуми пренесуваат дека тој во следните 48 часа би требало да потпише двегодишен договор со италијанскиот тим и од следната сезона да настапува за Scuderia. 25-годишниот возач од 2019 година е дел од McLaren, но според Motorsport, Шпанецот веќе се договорил со италијанскиот тим околу најважните детали од договорот.
McLaren наводно уште минатата есен бил подготвен да го продолжи договорот со Саинц до крајот на 2021 или 2022 година, но не успеаја да постигнат договор. Ferrari во текот на вчерашниот ден потврди дека нема да го продолжи договорот со Себастијан Фетел, а раководството на тимот смета дека Карлос Саинц во исто време е и доволно искусен и претставува иднина на Scuderia, а притоа и не е толку скап за разлика од Даниел Рикардо.
Шпанецот оваа сезона заработува околу 8 милиони долари, два милиони помалку од вториот возач на Ferrari, Шарл Леклер, додека Фетел има годишна заработувачка од дури 30 милиони долари.
Mercedes размислува да ги спои Хамилтон и Фетел
Од друга страна, се засилуваат и шпекулациите околу иднината на Себастијан Фетел. Се споменува негово враќање во Red Bull, но и Mercedes делува како сериозен кандидат за неговиот потпис. Шефот на Mercedes, Тото Волф истакна дека неговиот тим е лојален на своите сегашни возачи, но дека не може да не обрне внимание на заминувањето на Фетел од Ferrari.
Оваа разделба сосема извесно ќе има големо влијание на „преодниот рок“ во Formula 1, бидејќи на повеќето возачи им истекуваат договорите на крајот од оваа сезона. Актуелниот шампион Луис Хамилтон, исто како и Валтери Ботас, има договор со Mercedes до крајот на годината, но во моментов преговара за нов.
„Себастијан е фантастичен возач, одлична личност и би бил од голема важност за секој тим. Кога гледаме во иднината, лојални сме на нашите сегашни возачи. Но, природно мораме овој развој на ситуацијата да го земеме во предвид“, истакна Волф.