fbpx

Opel го претстави логото за новата Mokka

Opel наскоро ќе ја претстави новата генерација на Mokka, а како увертира и најава германскиот производител го откри и новото лого на овој SUV

Во пресрет на премиерата на новата Mokka, Opel го претстави и логото за автомобилот. Ознаката Mokka на возилото е сосема нова, со посебно дизајниран фонт. Од германската компанија објаснуваат дека името и амблемот сега се во средиштето на новите генерации на возилата на Opel, а така е и со новата Mokka, првиот модел во гамата чие име ќе биде позиционирано централно на вратите од багажникот, под симболот на компанијата.

Без непотребни додатоци, како што се линиите на опрема или досегашната ознака X, називот на новата генерација го носи само името Mokka или Mokka со мало „е“ кога станува збор за електричната верзија. „Логото ја отсликува апсолутната прецизност на новата Mokka. Модерно обликуван, поставен рамно, со цел да ја нагласи ширината на возилото. Оваа централна положба е во согласност со дизајнерскиот правец на Opel, каде клучни се визуелните елементи поставени долж вертикалната и хоризонталната оска“, објаснува Марк Адамс, потпретседателот задолжен за дизајн во Opel.

Инаку, новата генерација на Mokka го открива за прв пат и новиот план за предниот и задниот изглед на идните модели на Opel. Легендарното лого на Opel станува главна карактеристика повеќе од кога и да било. Карактеристичната графика во форма на крило на дневните светла, кои ќе ги имаат идните модели на Opel, ја симболизираат хоризонталната оска. Темата се повторува во задниот дел и го покажува компасот на Opel во најчиста форма. Популарната молња во средина во комбинација со централно поставената табличка на моделот ја поврзува хоризонталната линија на задните светла во форма на крило со вертикалната линија што се протега од антената на покривот надолу кон нагласената бразда во браникот.

Новата генерација на Opel Mokka ќе ја има својата премиера подоцна оваа година, а ќе биде достапна за купувачите кон почетокот на 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button