fbpx

Трамп апелира за што повеќе јапонски автомобили произведени во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика јапонските производители на автомобили да го зголемат производството на територијата на неговата земја

Според него, производството на возила „дома“ е попрофитабилно, отколку да се увезуваат од надвор.

ТрампТрамп ја даде оваа изјава за време на неговата азиска турнеја. Друга важна причина за неговиот повик е и фактот дека јапонските автомобили се продаваат подобро на пазарот во САД во однос на останатите. Во 2016 година, компаниите како Toyota и Nissan произведоа околу 4 милиони автомобили и скоро 4,7 милиони мотори во нивните американски фабрики.

Доналд Трамп

 

Само 412.281 од нив беа наменети за странските пазари. Постојат околу 850.000 луѓе кои работат во бизнисите на јапонските производители во САД. Повеќето од нив се наоѓаат во шестте фабрики на Тојота, потоа четири на Honda и две на Nissan.

Трамп

Поврзани вести

Back to top button