fbpx

Неочекувана одлука на РКЕ, горивата од ноќеска поевтинуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика ги одреди новите малопродажни цени на горивата во нашата држава кои стапуваат на сила од вечерва

РКЕ согласно својата методологија за формирање и утврдување на малопродажните цени на горивата, одлучи да ги поевтини горивата во нашата држава, што претставува навистина неочекувана одлука, со оглед на тенденцијата на поскапување во изминатите недели. Според ова, цените се намалуваат во просек за 0,69 проценти во однос на минатата недела.

Малопродажните цени на Eуросупер БС-95, како и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар, исто како и кога станува збор за малопродажната цена на Еуродизел, во однос на цените утврдени минатата недела.

Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 57 денари за литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 59 денари за литар, додека пак цената на Еуродизел ќе изнесува 49 денари за литар наточено гориво.

Регулаторната Комисија за Енергетика својата одлука ја базира на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,89%, кај дизелот намалување во просек за околу 2,594%.

Поврзани вести

Back to top button