fbpx

Polestar и Koenigsegg започнуваат возбудлива соработка

Koenigsegg и Polestar ги здружуваат силите откако двете компании најавија мистериозна соработка преку социјалните медиуми

Деталите околу оваа соработка се навистина оскудни, но фотографиите објавени од страна на двете компании ги прикажуваат Koenigsegg Gemera и Polestar Precept концептот. Постот на социјалните медиуми кој го објави Koenigsegg не содржеше многу информации, но даде ветување дека „Нешто возбудливо доаѓа“. Пораката на Polestar беше нешто попрецизна истакнувајќи дека „Нешто интересно се случува на западниот брег на Шведска. Двете компании порачаа до љубопитните да ги следат во следниот период со „хаштагот“ KoenigseggXPolestar.

https://www.instagram.com/p/CA7wBJfJEGC/

 

Се уште не е познато што сакаат да порачаат двете компании, но сосема е логично дека станува збор за некаква соработка. Во секој случај, останува нејасно каква форма ќе има оваа соработка. Додека голем број прашања остануваат неодговорени од страна на двете шведски компании.

https://www.instagram.com/p/CA7wEX7lI9Z/

Во секој случај, треба да се напомене дека Koenigsegg Gemera беше претставен во март како првиот Mega GT во светот. „Фамилијарниот“ автомобил со четири седишта и високи перформанси се напојува со 2,0-литарски трицилиндричен twin-turbo мотор, три електромотори и 15 kWh батерија со 800 волтна технологија. Овој погонски склоп испорачува комбинирани 1.730 КС и 3.500 Nm вртежен момент. Koenigsegg истакна дека Gemera од нула до „стотка“ ќе достигнува за 1,9 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 400 километри на час. Производството ќе биде ограничено на 300 единици.

Kоenigsegg Gemera 1 |
Koenigsegg Gemera 2 |
Kоenigsegg Gemera 3 |
Koenigsegg Gemera 4 |
Kоenigsegg Gemera 5 |

    Од друга страна Polestar Precept претставува концепт кој е дизајниран како предвесник на иднината на овој бренд. Станува збор за стилски grand tourer со четири врати поставен на 22-инчни тркала, LIDAR сензор на покривот и електричен погон. Во внатрешноста на автомобилот се наоѓа изобилие на висока технологија и „еко-френдли“ материјали, како и дигитален инструмент кластер и 15-инчен Android инфозабавен систем. Precept има веганска внатрешност со 3D-плетени прекривки за седиштата направени од рециклирани шишиња.

    Polestar 1 | Polestar
    Pоlestar 2 | Polestar
    Polestar 3 | Polestar
    Pоlestar 4 | Polestar
    Polestar 5 |Polestar

      Како и да е, кога станува збор за соработката меѓу овие две компании, останува да почекаме и да дознаеме повеќе информации во следниот период.

      Поврзани вести

      Back to top button