Регулаторна го поевтини Еуросупер 95, останатите горива остануваат исти
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за промена на малопродажните цени на горивата во нашата држава
Во согласност со методологијата на пресметување на цените, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да направи промена на малопродажните цени на горивата во нашата земја. Според новата одлука на РКЕ, од вечерва на полноќ на сила ќе стапат нови цени за горивата. Регулаторната комисија се одлучи за делумно поевтинување на нафтените деривати. Имено, Еуросупер БС-95 ќе добие нова цена, додека останатите горива остануваат со непроменети цени, во однос на минатата недела.
Според тоа, цената на Еурoсупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се намали за половина денар. Тоа значи дека литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60,50 денари. Цените за Еуросупер БС-98 и Еуродизел остануваат непроменети до следната одлука на РКЕ, односно ќе се продаваат по цена од 63 (Еуросупер БС-98), односно 52 денари (Еуродизел).
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија, меѓу другото, ја посочуваат за 0,836 отсто пониската просечна референтна цена на бензинот на светскиот пазар во последните седум дена.