РКЕ се одлучи за ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на малопродажната цена на горивата во нашата земја

Од РКЕ соопштија дека од вечерва на полноќ ќе важат нови, поскапи цени за горивата. Според методологијата за пресметување на малопродажните цени на горивата, од вечерва цените ќе се зголемат за 1,05 проценти, во однос на минатонеделните.

Со тоа цените за Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за половина денар. Според ова, Еуросупер-95 ќе се продава по цена од 61 денар по литар гориво, Еуросупер-98 ќе чини 63 денари, додека еден литар Еуродизел ќе се точи по цена од 52 денари.

Новите цени стапуваат на сила од ноќеска на полноќ и ќе важат до следната недела.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close