Mercedes S класа пристигнува со новиот MBUX инфозабавен систем
Германскиот производител Mercedes ќе го претстави новиот MBUX инфозабавен систем за луксузниот седан на 8 јули.
Иако новиот Mercedes S класа нема да биде прикажан целосно, германскиот производител сепак најави презентација на 8 јули. Засега, се што имаме е претходно објавениот тизер кој ја прикажува предницата на автомобилот, како и прв поглед кон MBUX инфозабавниот систем кој ќе има форма на таблет.
Имено, Mercedes објави официјален тизер во кој се прикажува прилагодливиот екран кој ќе се користи за пристап до различни функции на новата S класа. Почнувајќи од HVAC систмот, па се до одмрзнувањето на задните стакла, сателитската навигација, DAB радиото, мобилниот телефон и така натаму. Исто така се очекува да поддржува бежично унапредување.
Сите овие функции се интегрирани во големиот екран, со оглед на тоа дека контролната табла ги отфрли повеќето копчиња. Како резултат на ова, комплетниот изглед на кабината ќе биде различен од она што можеме да го забележиме кај актуелниот автомобил. Во внатрешноста ќе се најде и еден вид на двоен панел, слободно поставена дигитална инструмент табла, правоаголни отвори за вентилација и редизајниран мултифункционален управувач.
Благодарение на неговата големина, тој ќе ги „собере“ повеќето функции, со тоа што тизерот открива дека контролите од клима-уредот се поставени на дното, а големиот навигациски екран е во горниот дел. Не треба да се потсетува дека инструмент таблата ќе биде целосно дигитална, а според некои претходно објавени шпиунски фотки, може да се забележи дека Mercedes S класа ќе добие и напреден head-up екран.
MBUX инфозабавниот систем ќе биде претставен во текот на утрешниот ден, автомобилот ќе биде лансиран во септември, поради што премиерата и претставувањето се очекуваат во текот на летово.