Renault Captur официјално возило на скопскиот маратон
Импортерот на францускиот бренд Renault во нашата земја, Аутомотив Груп е официјален превозник на годинешното издание на скопскиот маратон
Аутомотив Груп ја најави поддршката за годинешниот скопски маратон, кој е овој викенд. Официјалниот импортер на брендот Renault во нашата земја како верен поддржувач на спортот и спортските активности во Македонија, го претставува моделот Captur, најпродаваниот во својата класа во Франција и Европа, како официјално возило за маратонот.
Renault Captur со своите карактеристики на спортски кросовер, со атлетски профил, напредни технологии и софистициран ентериер се чини како соодветен партнер за овој настан. Малиот кросовер на француската компанија пристигнува со високо ниво на персонализација, благодарение на 90-те комбинации за надворешен изглед и дури 18 конфигурации на ентериерот. Исто така, треба да се напоменат и петте ѕвездички освоени на тестовите на EURO NCAP, а тука се и напредните технологии задолжени за подобрување на безбедноста и возачкото искуство.
Од Аутомотив Груп им посака успешна трка на сите учесници на годинешниот скопски маратон, притоа потсетувајќи да се почитуваат мерките и протоколите за заштита посочени од страна на организаторот.
Скопскиот маратон ќе се одржи на 4 октомври (недела).